Language switcher

  • English (UK)
  • Македонски

Social

 

-

  • Новости
    • Архива со новости
  • За нас
    • За центар
    • Организација и Тим
    • За регионот
    • Совет
    • Програма за развој на ИПР 2015-2019
  • Проекти
  • Документи
  • Тендери
  • Мултимедија
    • Видео
    • Фото албуми
  • Контакт

Breadcrumbs

    Вие сте на:
  • Почеток

Потпишан договор за заедничка соработка за реализација на проект „Намалување на јаглероден отпечаток на општина Штип“

Објавено: 11 Декември 2019

На 10 декември 2019 година во кабинетот на градоначалникот на општина Штип се потпиша договорот за заедничка соработка за реализација на проект „Намалување на јаглеродниот отпечаток на општина Штип“.

Повеќе...

Одржана прва промотивна прес конференција од проектот „Културен мост низ вековите“

Објавено: 06 Декември 2019

На 05 декември 2019 година во општинската сала на Совет во општина Белица, Р. Бугарија, се одржа првата промотивна прес конференција за реализација на проект „Културен мост низ вековите“.

Повеќе...

Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

Објавено: 26 Ноември 2019

Референтен број  05-287/3

Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за млади невработени лица со постојана адреса на живеење во општините во рамки на Источниот плански регион, кои имаат претприемнички дух и визија за започнување на сопствен бизнис.

Целта на Јавниот повик е да се зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизнис идеи поврзани со развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегијата за развој на туризам во Источен плански регион со Акционен план 2016-2025).

Постапката за избор на бизнис идеите ќе се одвива во фази. Во првата фаза заинтересираните апликанти електронски треба да ги достават концептите за бизнис идеи, со краток опис на бизнис идејата, локацијата каде истата ќе се реализира, како и потенцијалните корисници на услугата или производот кој се предложува.

За најдобрите бизнис идеи, во втората фаза ќе се овозможи техничка поддршка (обука за подготовка на бизнис план и водење на бизнис). Селектираните апликанти заедно со експертите ќе разработат бизнис план и детален опис на бизнис идејата.

Во третата фаза на селекција ќе бидат избрани само одржливи и изводливи бизнис планови кои ќе добијат финансиска поддршка за реализација.

За да бидат подобни за финансирање, предложените бизнис идеи мора да се реализираат на територијата на Источниот плански регион.

Јавниот повик е отворен до 27.12.2019 година до 14 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги поднесат своите бизнис концепти.

Реализацијата на бизнис идеите во рамките на овој Јавен повик се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Вашите бизнис идеи можете да ги поднесете тука.

Повеќе информации за Јавниот повик можете да најдете на следниот линк.

Оддржан иницијален состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

Објавено: 25 Ноември 2019

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

На 22 ноември 2019 година во Штип се одржа иницијалниот состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источниот плански регион како туристичка дестинација.

Повеќе...

Одржана дванаесетта седница на Совет за развој на Источен плански регион

Објавено: 20 Ноември 2019

На ден 20.11.2019 година се одржа дванаесеттата седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Штип.

Повеќе...

Потпишан договор за реализација на проект „Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци“

Објавено: 14 Ноември 2019

На 13 ноември 2019 година во просториите на Општина Карбинци се потпиша договорот со избраниот најповолен понудувач Ескаватори-МК ДООЕЛ Скопје за реализација на проектот „Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци“.

Повеќе...

Започна реализацијата на проектот „Реконструкција со адаптација на Мултикултурен центар во Кочани“

Објавено: 14 Ноември 2019

На 04.11.2019 година се потпиша договор за изведба на работи за  „Реконструкција со адаптација на Мултикултурен центар во Кочани“. Реализацијата на овој договор е во рамките на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Северна Македонија 2014 – 2020.

Повеќе...

Потпишан договор за реализација на проектот „Културен мост низ вековите“

Објавено: 06 Септември 2019

На 04 септември 2019 година се потпиша договор за реализација на проект „Културен мост низ вековите“.

Проектот „Културен мост низ вековите“ се финансира во рамки на INTERREG-IPA Програма за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија – Р.С. Македонија 2014-2020, во која Водечки партнер е Народно Читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, Р.Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион, како проектен партнер два.

Предвидените проектни активности треба да се реализираат во период од 24 месеци, односно заклучно со 03.09.2021 година.

Вкупната вредност на проектот е околу 406 000 евра, од кои на располагање на Центарот за развој на Источен плански регион за реализирање на предвидените активности се околу 185 000 евра.

Страница 4 од 4

  • Почеток
  • Пред
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • Следно
  • Крај

Search for ...


Напредно барање

Нашето заедничко минато - патека за заедничка иднина (2)

Културен мост низ вековите

Заштитено културно наследство

ВИДЕО ДЕСНО

Мобилна апликација: Стари вековни дрвја во Малеш и Пијанец

Разгледница

  • Штип
    Штип

    Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј

  • Беровско езеро
    Беровско езеро
  • Пехчевски водопад
    Пехчевски водопад
  • Македонска Каменица
    Македонска Каменица

    Езеро Калиманци

  • Карбинци
    Карбинци

    Антички град Баргала

  • Делчево
    Делчево

    Локалитет Кукуље

  • Зрновци
    Зрновци

    Мородвиш

  • Чешиново-Облешево
    Чешиново-Облешево

    Традиционална жетва на ориз

  • Кочани
    Кочани

    Пониква

  • Пробиштип
    Пробиштип

    Манастир Св. Гаврил Лесновски

  • Виница
    Виница

    Археолошки локалитет Виничко Кале

Previous Next Play Pause

Тековни тендери

  • Изработка на Водич за инвестиции во Источен плански регион
  • Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на Проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“

БАНЕРИ НАСЛОВНА

baneri mali (2)

baneri mali

 

 

Контакт

© 2014-2016 Центар за развој на Источен плански регион (ЦРИПР)
Контакт адреса: ул. Ванчо Прке 119, 2 кат,  2000 Штип, Република Македонија | тел.:+389 2 32 386 408, 386 412, факс.: +389 32 386 409
  • Новости
    • Архива со новости
  • За нас
    • За центар
    • Организација и Тим
    • За регионот
    • Совет
    • Програма за развој на ИПР 2015-2019
  • Проекти
  • Документи
  • Тендери
  • Мултимедија
    • Видео
    • Фото албуми
  • Контакт