Втора форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 13.02.2020 (четврток) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“
Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ ја отпочна втората фаза на Регионални форуми на заедницата.

На 25 септември 2018 година во с. Негрево, општина Пехчево беше свечено отворен Едукативниот центар за зачувување на природата.
Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на вториот циклус на регионални форумски сесии во рамки на отворената Грантова шема за инвестициски проекти на планските региони во областа на социјалната инклузија за 2020 година.
Бизнис Центарот за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија при Центарот за Источен плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој , на ден 28.01.2020 година во Штип, хотел Изгрев, одржа работилница во рамките на проектот ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“. Темата на оваа работилница беше „Имплементација на иновативен проект во Источен плански регион“.