Промоција на Регионална Стратегија за Иновации за Источен плански регион
На 20-ти септември, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион, општините од Источен плански регион и останатите заинтересирани чинители на тема: Промоција на Регионална Стратегија за Иновации за Источен плански регион.
Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија, спроведуван од страна на ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка), се изработи Регионална Стратегија за Иновации за дефинирање на приоритетите за регионални иновации и иновативниот потенцијал на регионот.
Целта на регионалната стратегија за иновации е да се стимулираат иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионот, преку зајакнување на соработката помеѓу истражувачките центри и бизнис заедницата, притоа фокусирајќи се на развојот на МСП.

На 21-ви септември 2016 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Изградба на пристапен / локален пат од регионален пат Р-601 до село Вртешка, Црква Св.Ѓорѓи (планинарски дом Вртешка) ФАЗА 1 (од ст.0+000.00 до 1+300.00).
На 29-ти септември, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа Работилница во рамки на проектот „Изработка на студија за определување на статусот на пасиштата на територијата на Источен плански регион“.