“Поврзување и здружен настап преку кластер за ориз“
На 14.07.2010 година во општина Чешиново-Облешево, Ресторант „Амбасадор“-Облешево, се одржа Работилница на тема: “Поврзување и здружен настап преку кластер за ориз“ организирана од страна на општина Чешиново-Облешево во соработка со Здружението на земјоделци „Агро Стимул“. На работилницата се покрена иницијатива за формирање на Национален Совет за ориз и поврзување и здружен настап на сите учесници во ланецот за ориз со следните активности:

На 27.07.2010 година се одржа редовна работна средба помеѓу Претседателот на Република Македонија Г-дин Ѓорѓе Иванов и Градоначалниците од Источниот плански регион. Работната средба се одржа во Претседателската резиденцијата.
Центарот за развој на источниот плански регион во соработка со ГТЗ РЕД програмата за регионален развој во Македонија одржаа работилницата на тема „Регионален маркетинг„.
Центарот за развој на Источниот плански регион на 22-ри Јуни во големата сала на општина Штип одржа јавна расправа за „Студија за искористување на потенцијалите на биомаса за произвотство на енергија на Источниот плански регион“, на која присуствуваа градоначалници од Источниот плански регион, декани на факултетите од УГД, претставници од повеќе канцеларии за развој, претставници од НВО секторот, стручни лица од оваа проблематика, како и претставници од „ЕМС-Темос“ кои на јавниот повик беа избрани за изработка на Студијата.