Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево
Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Општина Чешиново-Облешево продолжува со спроведување на активности преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен плански регион преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, одржа работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за иновативен проект. Работилницата се одржа на ден 24.04.2019 година (среда) во Х. Изгрев со почеток од 11 часот.
Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ организираше настан за презентација на 16те одобрени проекти во рамките на грантовата шема за инвестициските проекти и грантовата шема за иновативните проекти на 27 мај, 2019г. (понеделник) во просториите на Х. Мериот Скопје. На овој настан имаше презентации на 16-те одобрени проекти во рамките на грантовата шема за инвестициските проекти и грантовата шема за иновативните проекти.
Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источeн плански регион и Регионална стопанска комора, организираа инфо сесија за презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.