Основан кластер за креативни индустрии во Источен плански регион

Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на проектот „ВМРЕЖУВАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ЦЕНТРИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН – КРЕАТИВА, одржа ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ на кое беше формиран Кластерот за креативни индустрии „КРЕАТИВА“. Основачкото собрание се одржа на 12 март 2015 (четврток),во хотел „Изгрев“ во Штип.

На Основачкото Собрание од редот на основачите се избра раководство на Кластерот:претседател, потпреседател и секретар. Покрај раководството  се формира  Управен и Надзорен одбор на кластерот.

Повеќе...

Отворен првиот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“

На 18-ти март, 2015 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа првиот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.

Организирањето на ваков тип на настани е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е малите и средни претпријатија, трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.

Повеќе...

Потпишан Договор за изработка на Регионална програма со предлог - акционен план и Комуникациска стратегија за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите ентитети во Источен плански регион

Центарот за развој на Источен плански регион на 03 март 2015 година го потпиша Договорот за изработка на Регионална програма со предлог - акционен план и Комуникациска стратегија за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите ентитети  во Источен плански регион.

Повеќе...

Потпишан Договор за Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“

На 27 февруари 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Организација на настани и советодавни информативни средби во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.

Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и УНДП.

Повеќе...