SEEMORE Central European Transfer Seminar
Претставници од 16 туристички дестинации во 7 земји: Лече и Тирана (Албанија); Тузла и Бања Лука (Босна и Херцеговина); Софија (Бугарија); Задар и Видин (Хрватска); Штип и Охрид (Македонија); Бау и Букурешт (Романија); Нови Сад, Сремски Карловци, Аранџеловац и Белград (Србија) на 30ти Октомври земаа учевство на вториот SEEMORE Central European Transfer Seminar.

Програмата за Регионален Економски Развој во Македонија (ГИЗ РЕД), која се спроведува од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) го поддржува рамномерниот регионален развој во Република Македонија од 2008 година.
Центарот за развој на Источниот плански регион спроведува партиципативен процес за подготовка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 година со поддршка на ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија. Програмата е изготвена во согласност со Методологијата на Министерството за локална самоуправа (Правилник за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој, Службен весник на РМ, бр. 102/2009).
Една од активностите во рамките на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – Креатива“, е создавање на кластер за креативни индустрии во Источниот плански регион. За таа цел на 7.11.2014 година, во хотел Изгрев во Штип, се одржа втора работилница за формирање на кластерот. На работилниците активно учество зедоа претставници од бизнис секторот, НВО, уметници, писатели, пејачи, дизајнери, архитекти итн.