ГРАДЕЊЕ НА ПАРТНЕРСКА МРЕЖА МЕЃУ ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ НУДАТ ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ
Во рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”, финансиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, во Штип од 11-12.11.2011 година, се одржа првата Контактна средба за градење партнерска мрежа за соработка помеѓу Институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот во прекуграничниот регион. Основна цел на проектот е подобрувањето на бизнис климата во овој регион преку унапредување на бизнис соработката на компаниите како и преку развој на нови бизнис услуги и иновативен начин на промоција на компаниите.

Центарот за Развој на Источен Плански Регион – Штип, на 09 Ноември, 2011 година, во хотел “ОАЗА”, Штип ја одржа првата прес-конференција за проектот:
19 декември Ден на градот – Патрон на општина Штип, Центарот за развој на Источниот плански регион заедно со 11 општини од регионот, овој ден го прогласи и за „Промотивен ден на Источниот плански регион“. Во Штип сите 11 општини ги претставија своите потенцијали пред граѓаните од Штип и регионот како и можните инвеститири.