Отворен повик за учество во Школа за иновации и претприемништво
локација: Делчево, хотел „Македонија“
датум: 14 - 18 март, 2016
Центарот за развој на Источен плански регион преку проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ воспостави Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион. Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).
Воспоставениот Бизнис Центар има за цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источниот плански регион (2015-2019). Во таа насока е и имплементацијата на 2 петдневни Школи за иновации и претприемништво за 50 учесници - жители на Источниот плански регион, кои ќе бидат имплементирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип.

Бизнис центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион,кој има за цел зголемување на конкурентноста преку поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото,на 23 февруари 2016 година во Штип го оддржа седмиот информативен настан за бизнис зедницата на тема „Менаџерски вештини за раст на мали и средни претпријатија“.
Со цел приближување до релевантни информации кои ќе овозможат раст на приватниот сектор во Источниот плански регион, Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на Центарот за развој на Источен плански регион на 10ти февруари 2016 година го одржа шестиот информативен настан. Тема на настанот насловен „ПРОЕКТИ ЗА МСП ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ХОРИЗОН 2020“ беше ЕУ програмата Хоризонт 2020.
На 15.12.2015 година во хотел Изгрев, во Штип, се одржа Завршната Прес конференција за постигнатите резултати од проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-Креатива“. Пред присутните шеесетина посетители од Македонија и Бугарија како и новинарски екипи од Македонските национални и регионални електронските медиуми проектниот тим ги претстави проектните резултати.