Инфо сесија за Четврт јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под инструментот Кофинансирани грантови за стартап и спин-оф
Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој организираа инфо сесија за четвртиот повик за инструментите: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. Настанот се оддржа на 14-ти март, 2017 година, во салата на општина Штип со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот повик.

Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Министерството за финансии - Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP) и Светска банка организираат информативен настан на тема: „Јавни набавки согласно правилата и процедурите на Светска банка“. Информативниот настан се оддржа на 02-ри ноември, 2016 година, во Хотел „Изгрев” – Штип.