Одржан координативен состанок за напредокот на проектот за воспоставување на интегриран систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион
На 7 април 2017 година, во Бизнис салата за состаноци на Скопски саем во Скопје на покана на Министерот за Животна средина и просторно планирање г-дин Башким Амети, се одржа координативна работна средба со градоначалниците од Источниот и Североисточниот регион како и претставници од Центрите за развој на Источен и Североисточен плански регион.

Центрите за развој на планските региони земаа учество на четвртиот Координативен состанок на Министерството за локална самоуправа (МЛС) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), оддржан на 06-ти април 2017 година (четврток) во големата конференциска сала во канцеларијата на УНДП во Скопје.
На 03ти Април 2017 година (Понеделник), Обласната Администрација Благоевград, Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион, Штип, Македонија во Благоевград оддржаа заедничка прес конференција за промоција на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина - ГРЕЕН” финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ - ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.
На 28 февруари 2017 година, Центарот за развој на Источен плански регион и Обласната Админинстрација Благоевград оддржаа Прва Прес конференција за промоција на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”CB006.1.11.038, финансиран од Првиот повик на Интеррег - ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.