Врачена „Студијата за одржлив развој на органско земјоделско производство во Источниот плански регион”

На 04 март 2011 година во просториите на Универзитетот  “Гоце Делчев” Штип на свечен начин од страна на Ректорот на универзитетот  Д-р Саша Митрев на Градоначалниците од регионот им беше врачена „Студијата за одржлив развој на органско земјоделско производство во Источниот плански регион”.

Повеќе...

Одржан втор состанок на Надзорениот комитет за проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.

На 25.02.2011 година во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање се одржа 2 (втор) состанок на Надзорниот комитет за проектот „Зајакнување на административните  капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.

Повеќе...

Kоординативна средба во врска со одобрениот Проект „Балканска велосипетска патека“

На 25.02.2011 година во Благоевград, Р. Бугарија се одржа првата координативна средба во врска со одобрениот Проект од страна на Европската Комисија „Балканска велосипетска патека“ во кој Центарот за развој на Источниот плански регион се јавува како партнер заедно со  Бугарија, Грција, Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Целта на Проектот е да се дефинира  велосипедската патека во рамките на  „Патеката на железната завеса“, во пограничните  региони од Р.Македонија, Р.Бугарија, Р. Грција и Р.Романија. Патеката влегува во Р. Македонија низ граничниот премин кај Делчево,  продолжува преку низински предел кон  Пехчево и Берово,  потоа продолжува кон Струмица за на крај преку Босилево да премине во општина  Ново Село и излезе од  Македонија на истоимениот граничен премин.

Повеќе...

Состанок за можностите за алицирање на СПА грант програмата

На 28.01.2011 година претставник од Центарот за развој на Источниот плански регион и претставник од Мировниот корпус во просториите на општина Кочани одржаа координативен состанок со претставници на општина Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево и претставник од Кластерот за ориз, на кој се разгледаа можностите за алицирање на СПА грант програмата финансирана од Американската агенција за мегународен развој. Целта на состанокот беше разгледување на Проектната Идеја за подигнување на јавната свест преку организирање на работилници на оризопроизводителите, преработувачите на ориз, извозниците на ориз како и зајакнување на капацитетите на Кластерот за ориз.