Регионална ТВ мрежа во Источниот и Југоисточниот плански регион

На 15 септември 2010 година (среда), се оддржа работен состанок во просториите на факултетот за Информатика на Универзитетот “Гоце Делчев”- Штип. Состанокот беше во организација на ГТЗ- Канцеларијата во Штип, а од страна на Центарот за развоју на Источниот плански регион присуствуваше Раководителот Г-ѓа Драгица Здравева.На состанокот се дефинираа насоките за спроведување на проектот „Регионална ТВ мрежа во Источниот  и Југоисточниот плански регион”. Прокектот се имплементира во координација со Центрите за развој на Источен и Југоисточен плански регион, медиумите од двата региона и  со  финансиска поддршка од ГТЗ РЕД Програмата за регионален економски развој  во Р. Македонија.
 

Јавна расправа за „Студија за можности за регулација на река Брегалница (мини акумулации, брани, каскади)“,

Центарот за развој на Источниот плански регион на 14-ти Септември во големата сала на општина Штип одржа јавна расправа за „Студија за можности за регулација на река Брегалница (мини акумулации, брани, каскади)“, на која присуствуваа градоначалници од Источниот плански регион, претставници од Министерство за локална самоуправа, Министерство за економија, професори од факултетите од УГД, претставници од повеќе канцеларии за развој, претставници од НВО секторот, стручни лица од оваа проблематика, како и претставници од „Урбан рурален консалтинг - Скопје “ кои на јавниот повик беа избрани за изработка на Студијата.

Повеќе...

Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источниот Плански Регион и Стопанска Комора за Туризам на Република Македонија

altМеморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источниот Плански Регион и Стопанска Комора за Туризам на Република Македонија

На 28.07.2010 година во просториите на Центарот за развој на Источниот плански регион се потпиша „Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источниот Плански Регион и Стопанска Комора за Туризам на Република Македонија“.

Повеќе...

Поддржување на самовработување на жени и млади

altНа 19.07.2010 година во Општина Македонска Каменица се одржа промоција на завршениот проект со Илинка Митевска производител на рачно изработени теписи по претходно доделени локални субвенции на Центарот за развој на Источниот плански регион од средствата на проектните фондови на ГТЗ РЕД за реализација на проектните активности од проектот  „Поддржување на самовработување на жени и млади“. Центарот за развој на Источниот плански регион склучи Договор со првонаградената Илинка Митевска од Општина Македонска Каменица за спроведување на мерките и активностите согласно доставениот и одобрениот Бизнис план. Вкупно доделените средства изнесуваат 194 592,00 денари.