Language switcher

Social

 

Организирана дводневна обука на тема “Зелена инфраструктура” во рамки на проектот ГРЕЕН CB006.1.11.038, финансиран од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија-Р. Македонија CCI2014TC16I5CB006

Регионалната администрација Благоевград и Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот ГРЕЕН од 29-30 мај 2018 година во Хотел “ОМОН” - Благоевград, организираа дводневна обука на тема “Зелена инфраструктура”, на која учество зедоа вкупно 40 учесници, претставници од општини и јавни институции во состав на регионот Благоевград и Источниот плански регион.

Целта на обуката беше да се овозможи учесниците да се стекнат со основни познавања за зелена инфраструктура, нејзината улога и значење за нашите региони. Преку презенатции на успешни примери на веќе реализирани проекти од областа на “зелена инфраструктура” од повеќе региони на Европа, учесниците имаа можност да идентификуваат можни предлог-проекти за зелена инфраструктура за нивните општини и анализа на придобивките од истите. Воедно се испрезентираа и достапни програми за финансирање на предлог-проекти за “зелена инфраструктура”. Ова е втора обука организирана во рамки на проектот ГРЕЕН.