Одржан ЗАВРШЕН НАСТАН за промоција на проектните резултати во рамки на проектот Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија
Во изминатиот период регионалниот Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион спроведе серија на активности сѐ со цел поддршка на бизнис секторот во регионот во насока на поттикнување на економскиот раст и развој во регионот. Како дел од активностите на Бизнис Центарот се спроведоа серија информативни и советодавни настани за приватниот сектор, и беа изготвен:
- Водич за инвестиции во Источен плански регион со збирка и мапа на индустриски зони;
- Програма за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 - 2020) со Акциски план (2015 - 2016);
- Комуникациски план за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 - 2020);
- Девет информативни и советодавни настани на теми релевантни за бизнис заедницата
- Интерактивен веб портал за инвестиции: www.investineastregion.mk
- Школа за иновации и претприемништво во која учество зедоа повеќе од 50 млади лица од Источниот плански регион.

Во насока на зајакнување на претприемничката мисла и претприемничките дела кај жителите на Источниот плански регион, особено кај младите лица, на 28-ми Април, 2016 година се имплементираше настан посветен на Глобалната недела на претприемништвото. На истиот учество зедоа 40тина млади лица, тековни и потенцијални претприемачи од Источниот плански регион.
Центарот за развој на Источен плански регион континуирано работи на покренување на претприемничкиот дух помеѓу младите лица, жители на 11те општини во регионот. Со цел зајакнување на претприемачките вештини на младите лица помеѓу 18 и 35 години, Центарот за развој на Источниот плански регион и регионалниот Бизнис Центар при ЦРИПР, во соработка со Gestalt Solutions Штип, ја започнаа и втората Школа за иновации и претприемништво која се одржува во општина Кочани во периодот помеѓу 30ти Март и 03ти Април 2016.
Во насока на зајакнување на претприемничката мисла и претприемничките дела кај жителите на Источниот плански регион, особено кај младите лица, во периодот од 14 - 18 Март 2016 година во Делчево се оддржа првата од двете предвидени Школи за иновации и претприемништво.
Бизнис центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион,кој има за цел зголемување на конкурентноста преку поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото,на 23 февруари 2016 година во Штип го оддржа седмиот информативен настан за бизнис зедницата на тема „Менаџерски вештини за раст на мали и средни претпријатија“.
Со цел приближување до релевантни информации кои ќе овозможат раст на приватниот сектор во Источниот плански регион, Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на Центарот за развој на Источен плански регион на 10ти февруари 2016 година го одржа шестиот информативен настан. Тема на настанот насловен „ПРОЕКТИ ЗА МСП ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ХОРИЗОН 2020“ беше ЕУ програмата Хоризонт 2020.