Центарот за развој на Источен плански регион и општина Виница на 22 Јануари 2015 година, официјално го пуштија во употреба реконструираниот и пренаменет објект “Турска бања”во Галерија за промоција на археолошки, културни и етно обележија на Источниот плански регион, резултат од проектот, Промоција на богатството на “разликите” и зачувување на културно-историското наследство во функција на регионалниот развој. Во ново отворениот Мултифункционален културен центар, на приземјето се смести Галерија (за организирање на изложби), се обезбеди и простор за претставување и експонати од археолошкиот локалитет, Тврдината Виничко Кале. Во овој дел се уреди и канцеларија за on-line видео надзор на Тврдината “Виничко Кале”.На горниот кат е уредeнаголема сала за состаноци, семинари и работилници која ќе се стави во функција и користење на општината, невладините организации, бизнис секторот и останати институции од Источниот плански регионот, како и две двокреветни соби, кои во иднина ќе служат за сместување на гости на општината, помали делегации, уметници и останати гости на Источниот плански регион.