Потпишан Договорот за Реализација на проекти во Источен плански регион за 2014 година

Согласно Одлуката за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2014 година (Сл. Весник на РМ бр. 23 од 31 јануари 2014 година), на 13 февруари 2014 година во просториите на Бирото за регионален развој, осумте Центри за развој на планските региони ги потпишаа Договорите за реализација на проекти во 2014 година. Договорите беа потпишани од страна на Раководителите на осумте центри за развој на планските региони и Министерството за локална самоуправа – БРР застапувано од Директорот  Џемаил Ељмази.

 

Повеќе...

Потпишан Договорот за изработка на проектна документација за Дом за старилица – Пензионерски Дом, општина Кочани

Од 03.12.2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на проектот  “Грантова шема за поддршка на Источниот регион”, проект финансиран од ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија со Финансискиот Договор бр. 83160868.

Повеќе...

Четврта работна средба од проектот PPP4BROADBEND

На 18, 19 и 20-ти Февруари 2014 година во Габрово, Р Бугарија се спроведе четвртата работна средба од Проектот PPP4BROADBEND. На средбата учествуваа претставници на партнерските организации од Бугарија, Србија, Грција, Унгарија, Словенија, Словачка, Романија, Австрија и Македонија. Партнер во проектот од македонска страна е Центарот за развој на Источен плански регион и Центар за знаење, организација од Скопје.

 

Повеќе...