Отпочна изработката на Анализата на недостатоците во еколошките податоци за подрачјето на сливот на река Брегалница-ГАП
На 08 јули 2014 година, во деловните простории на Друштвото за Еколошки консалтингДЕКОНС-ЕМА во Скопје се одржа Прв Работен Состанок со експертскиот тим за отпочнување со изработка на “Анализата на недостатоците во еколошките податоци и карта на еколошката чувствителност за подрачјето на сливот на река Брегалница”.

Центарот за развој на Источен плански регион на 16.06.2014 година ги потпиша Договорите за изработка на „Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“ и „Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 - 2024)“.
На 23.06.2014 година во Штип се одржаа Македонско Бугарските Експо Денови. Целта на Бизнис форумот е да дојде до зголемување на економската размена и интензивирање на меѓуграничната соработка помеѓу компаниите и институциите од двете држави.