Подготовка на физибилити студии за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија
Унапредување на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија,
ПОЧЕТОК НА ПРОЕКТОТ „Подготовка на физибилити студија за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија-GetReadyforSkiing.
Центарот за развој на Источен плански регион– Штип, З.Г. ”Каменица - САСА”, Македонска Каменица и општинскиот центар “Горѓи Тодоров-1885”од Белица, започнаа со спроведување на проектот “Подготовка на физибилити студија за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија”, со крајна цел поддршка и развој на скитуризмот во општинитеБелица, Бугарија и Македонска Каменица, Кочани и Крива Паланка, Македонија.
Отпочнува расчистувањето на теренот за изградба на Мултимедијалниот центар во Штип
На III (третиот)повик за Прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, Центарот за развој на Источен плански регион како водечки партнер и општина Гоце Делчев, с. Брезница како партнер започнаа со спроведување на Проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион - CREATIVA“.
Една од клучните активности на овој инфраструктурен проект е изградба на Регионалени Мултимедијални центр во Штип, Република Македонија и во реконструкција и адаптација на Народната библиотека во село Брезница, општина Гоце Делчев, Република Бугарија.
ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот плански регион (нацрт)
Врз основа на член 69 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 45/11), Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион организира
ЈАВНА РАСПРАВА
по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот плански регион (нацрт)

