Повик за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион
Програмата за зачувување на природата објавува Повик за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион.
Преземете: Насоки за аплицирање | Формат за проектен концепт

Со цел да се зголеми разбирањето и свеста во врска со биолошката разновидност, 22 мај е прогласен за Меѓународен ден на биолошката разновидност од страна на Обединетите нации, и се прославува во целиот свет за да се одбележи усвојувањето на Конвенцијата на 22 мај 1992 година. Оваа година темата на денот на биолошката разновидност е така наречениот „Островски биодиверзитет" кој се однесува на уникатните екосистеми кои често се состојат од бројни ендемични растителни и животински видови, а претставуваат незаменливи богатства.