Оддржана завршна прес конференција за проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”

На 29 јуни 2018 година (петок), Центарот за развој на Источен плански регион и Регионалната Админинстрација Благоевград оддржаа завршна прес конференција за промоција на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”CB006.1.11.038, финансиран од првиот повик на Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.

Центарот за развој на Источен плански регион, како водечки партнер во Проектот ГРЕЕН на завршната прес конференција ги промовираа резултатите постигнати во рамки на проектот ГРЕЕН пред предствници од општините во состав на двата региони, медиумите и останати заинтересирани страни од прекуграничниот регион.

Повеќе...

Во тек е изработка на Регионална Стратегија за енергетска ефикасност 2020 за регионот Благоевград и Источниот плански регион во рамки на проектот ГРЕЕН, финансиран од Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

Обласната Администрација Благоевград и Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од Првиот повик на Интеррег - ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020, изработуваат заедничка Регионална Стратегија за енергетска ефикасност 2020 за регионот Благоевград и Источниот плански регион. Во рамки на Регионална Стратегија за ЕЕ 2020 ќе бидат изработени и детални анализи за енергетска ефикасност за следните 8 јавни објекти во двата региони:

Повеќе...

Организирана дводневна обука на тема “Зелена инфраструктура” во рамки на проектот ГРЕЕН CB006.1.11.038, финансиран од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија-Р. Македонија CCI2014TC16I5CB006

Регионалната администрација Благоевград и Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот ГРЕЕН од 29-30 мај 2018 година во Хотел “ОМОН” - Благоевград, организираа дводневна обука на тема “Зелена инфраструктура”, на која учество зедоа вкупно 40 учесници, претставници од општини и јавни институции во состав на регионот Благоевград и Источниот плански регион.

Повеќе...

Привршуваат градежните активности за реконструкција на општинската зграда во општина Кочани во рамки на проектот GREEN 038

Привршуваат градежните активности за реконструкција на општинската зграда во општина Кочани во рамки на проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ - GREEN 038. Проектот GREEN е финансиран од Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија 2014-2020 и истиот го имплементира Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Обласната администрација Благоевград.

Повеќе...