Втора тематска работилница на тема “Заедно за позелена, посветла и почиста иднина” во рамки на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина - ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од ИНТЕРРГ - ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македон
На 11 Април 2018 година во Салата “22 Септември” во општина Благоевград, Р. Бугарија, Регионална обласна администрација и Центарот за развој на Источен плански регион организираа втора еднодневна работилница на тема “Заедно за позелена, посветла и почиста иднина” во рамки на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина - ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020. На тематската работилница учествуваа средношколци од СОУ “Љупчо Сантов”-Кочани, СОУ “Ванчо Прке”-Виница и Јазичната гимназија од Благоевград. Вкупно 62 ученици присуствуваа на втората тематска работилница. Настанот го отворија заменик обласниот Управител, Г-ѓа Антоанета Јанчева и Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева. Предавач на втората еднодневна тематска работилница беше д-р Стефан Кирилов.

Во периодот од 20-22 Ноември 2017 година, Центарот за развој на Источен плански регион-Штип во рамки на проект “Зелени згради за заедничка зелена иднина” CB006.1.11.038, финансиран од првиот повик на ИНТЕРРЕГ- ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија - Р. Бугарија, спроведе промотивна кампања на тема “Климатски промени” за учениците од основните училишта од општините Штип, Кочани, Берово. Промотивната кампања, турнеја беше наменета за за ученици од 5 (петто) одделение со цел да се поттикнат младите луѓе да преземаат акции за заштеда на електрична енергија и вода, да користат помалку пластика, да се грижат за животната средина, да рециклираат отпад, да се подигне свеста за глобалните климатски промени, фокусирајќи се на ефектите од истите. Учениците преку игра и забава имаа можност да го зајакнат своето знаење и вештини, за тоа како да се справат со климатските промени и еколошки прашања поврзани со истите.
На 29 Март 2018 година во Салата “22 Септември” во општина Благоевград, Р. Бугарија, Регионална обласна администрација и Центарот за развој на Источен плански регион организираа еднодневна тематска работилница на тема “Климатски промени”.
Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Регионалната администрација Благоевград, во рамки на проектот ГРЕЕН од 06-07 Јули 2017 година во “Еуро Хотел Градче”-Брана Градче, организираа дводневна обука на тема “Климатски промени” дел од “Програмата за јакнење на капацитетите за климатски промени“. На обуката учество зедоа вкупно 40 учесници од општините во состав на Источниот плански регион и регионот Благоевград.