Одржана Втора Седница на Советот за развој на Источен плански регион
На ден 04.12.2017 година во општина Кочани се одржа Втората Седница на Советот за развој на Источен плански регион.
На ден 04.12.2017 година во општина Кочани се одржа Втората Седница на Советот за развој на Источен плански регион.
На ден 21.11.2017 година во општина Штип се одржа Конститутивната Седница на Советот за развој на Источен плански регион.
Согласно одредбите од Законот за рамномерен регионален развој, Конститутивната Седница ја свика Градоначалникот на општина Штип, Г-дин Благој Бочварски, како Градоначалник на најголемата, по број на жители, општина од регионот.
За Претседател на Советот за развој на Источен плански регион едногласно е избран Г-дин Николчо Илијев, Градоначалник на општина Кочани.
Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источниот плански регион, општина Штип и Регионална стопанска комора, организираа инфо сесија за Јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Република Македонија - О2 ПРЕДИЗВИК (http://www.fitr.mk/O2predizvik/)
Информативната сесија се одржа на 21.11.2017 година (вторник) во 13:00 часот, во затворениот дел на салата на Советот при општина Штип.
Од страна на УНДП и Министерство за локална самоуправа се имплементира проектот ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион.
На ден 27-ми октомври 2017 година (четврок), во хотел „Изгрев“ во Штип Центарот за развој на Источен плански регион организираше втора работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР.