Втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019)
На ден 02 и 03.10.2014 година, во хотел Изгрев во Штип, Центарот за развој на Источен плански регион одржа втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019). Ревизијата на програмата се спроведува согласно член 12 од Законот за регионален развој (сл. Весник бр. 63/2007) и Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој , Сл. Весник на РМ 102/2009 година.

Во Љубљана, Р.Словенија од 24-25 септември 2014 година се одржа Завршна Конференција за Програмата за транснационална соработка на Југоисточна Европа 2007-2013 година. На Конференцијата од Центарот за развој на Источен плански регион присуствуваше директорот на центарот Г-ѓа Драгица Здравева и Зујица Ангелова, коодинатор за регионален развој.Програмата за транснационална соработка на Југоисточна Европа, вклучува 16 земји учеснички и тоа: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Чешка, Италија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина. Оваа Програма има најголем број земји учеснички меѓу сите Европски Програми за територијална соработка. Програмата за ЈИЕ се покажа како успешна алатка за подобрување на интеграцијата и зголемување на соработката во области и надвор од границите на земјите и има реално влијание врз животот на граѓаните.
На 16-ти и 17-ти септември во Скопје се организира студиска посета на која учествуваа претставници од девет земји, дванаесет партнерски организации/институции вклучени во Проектот PPP4Broadbend, Градоначалникот на Македонска Каменица – пилот општина каде директно ќе се имплементира еден од 9-те модели за ЈПП, претставници од министерството за информатичко општество, како и висок претставник од „Алкател Луцент“. На настанот беше презентирано решението за јавно приватно партнерство во областа на широкопојасен интернет за општина Македонска Каменица која е една од четирите општини кои учевствуваат во проектот, преку кои се верификува валидноста на деветте ЈПП модели и се отвора патот за нивно натамошно користење во намалување на „широкопојасниот јаз” во руралните области на Југоисточна Европа (ЈИЕ).
Од 17-19 Септември 2014 година, во Комитетот на региони во Брисел, Белгија се одржа Семинар за рурален развој. Целта на семинарот беше да се претстави политиката и програмата на Европската унија за рурален развој за периодот 2014-2020 година пред претставниците од земјите од Западен Балкан и Турција.
Со цел отпочнување на процесот за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019), Центарот за развој на Источен плански регион во координација со Министерство за локална самоуправа и ГИЗ РЕД програмата за регионален економски развој во РМ и Швајцарската агенција за развој и соработка, организираше работилници на ден 11 и 12.09.2014 година, во хотел Изгрев во Штип.
Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – Креатива“, на 04.09.2014 година во хотел Изгрев во Штип, одржа воведна работилница за создавњае на кластер за креативни индустрии во Источниот плански регион. На работилницата присуствуваа 36 лица од различни организации и сектори од Источниот плански регион.
На 27.08.2014 година во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион се одржа работен состанок помеѓу претставниците на партнерите во проектот Helvetas Swiss Intercooperationод Берн, Швајцарија, Фармахем од Скопје и Центарот за развој на Источен плански регион.
Трет состанок на Заедничката работна група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Р.Бугарија - Р.Македонија (2014-2020)