Втор состанок на заедничката работна група
На 23 април 2014 година, во Скопје, се одржа вторa средба на Заедничката работна група (ЗРГ) за подготовка на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија-Р.Македонија 2014-2020 година.
Главна тема на средбата беше презентација на Стратегијата на Програмата и преглед и разгледување и одобрување на тематските приоритети.

На 10-ти и 11-ти април 2014 година во Скопје, Хотел Арка се одржа Дводневна работилница за претставување на „Нацрт плановите за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“.
Состанокот се оддржа во општина Кочани на 09.04.2014 год. и беше организиран од страна на Светска банка и поддржан од Центарот за развој на Источен плански регион. Состанокот беше отворен од страна на Градоначалниот на општина Кочани, Г-дин Ратко Димитровски кој ја поздрави идеата за вклучување на крајните корисници (бенефициенти) во процесот и начинот на дистрибуција на предвидените средства.
Од 03.12.2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на проектот

Во рамките на планираните активности кои се спроведуваат за имплементација на проектот за Воспоставување на регионално планирање и Географско информационен систем во општините од Источен плански регион на 26 и 27 март 2014 година во општина Чешиново - Облешево претставниците од фирмата КАЛИОПА од Р. Словенија одржа работилница со стручните и одговорни лица од сите 11 (единаесет) општини во состав на регионот за продолжување на активностите предвидени со проектот.
На 20.03.2014 година (Четврток) во ресторан Воденица Мулино во Скопје со почеток во 12:00 часот се одржа промоција на регионалните проекти од 8 (осум) плански региони, што се подготвуваат во рамки на грантовата шема условена со перформанси во вкупен износ од 400.000 Eвра, финансиски поддржана од ГИЗ РЕД, Програмата за регионален економски развој во Македонија.