Одржан втор состанок на Надзорениот комитет за проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.
На 25.02.2011 година во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање се одржа 2 (втор) состанок на Надзорниот комитет за проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.


На 17.12.2010 година во месноста Јуовец во Берово се одржа промоција на проектот „Интегрирана туристичка понуда долж ИЦТ“. Имајки во предвид дека дел од патеката на Железната Завеса минува и низ нашиот регион, мора да потенцираме дека се отвараат нови можности за промоција на природните убавини и реткости во микрорегионот Пијанец-Малеш, а со тоа и на целиот регион.
На 30 септември 2010 година (четврток), од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион е направена посета на локацијата за отпочнување со реализацијата на проектот „Изградба на колекторски систем с. Митрашинци“ со цел да се воведе во работа од страна на Надзорниот орган Изведувачот на работите „Аквамонт-инг“ и одбележи официјалното отпочнување со градежни работи на овој колекторски систем. Овој проект е одобрен за финансирање од Бирото за регионален развој од средствата за 2009 година. Градежните работи се во тек и се очекува да се завраши до крајот на месец декември оваа година.