Јавна расправа за “Студијата за искористување на потенцијалите на биомаса за производство на енергија во Источниот плански регион”
Центарот за развој на Источниот плански регион на 22-ри Јуни во големата сала на општина Штип одржа јавна расправа за „Студија за искористување на потенцијалите на биомаса за произвотство на енергија на Источниот плански регион“, на која присуствуваа градоначалници од Источниот плански регион, декани на факултетите од УГД, претставници од повеќе канцеларии за развој, претставници од НВО секторот, стручни лица од оваа проблематика, како и претставници од „ЕМС-Темос“ кои на јавниот повик беа избрани за изработка на Студијата.

Кластерите како форма на организирање на сите чинители кои придонесуваат за јакнење на компаниите, е алатка која се повеќе се користи во светот.
Средбата на општините од Источниот плански Регион се одржа на 9-ти Јуни 2010 година во големата сала на општина Штип, на средбата присутни беа Градоначалниците на општините и директорите на јавните претпријатија на Источниот плански регион.
Имплементацијата на Проектот
„Патеката на Железната завеса" (Iron Curtain Trail – ICT) поврзува низа национални и прекугранични заштитени области по текот на поранешната Железна завеса – притоа минувајќи низ многу земји, вклучително и 14 ЕУ членки. Истата поврзува споменици, музеи и други градби кои сведочат за историјата на поделена Европа, како и за мирната револуција во Централна и Источна Европа. Дел од „Патеката на Железната завеса“ поминува низ територијата на Македонија. Влегува низ граничниот премин кај Делчево и продолжува преку низински предел кон Пехчево и Берово. Рутата минува низ полиња и ливади и потоа продолжува во општина Струмица, за на крај преку Босилово да премине во општина Ново Село и излезе од Македонија на истоиментиот граничен премин.
Од 9-16 Мај 2010 година во рамките на оперативната програма на ГТЗ за јакнење на капацитетите на регионално ниво за 2010 година – Мерки за јакнење на капацитетите за регионалните центри, ЛЕР и други регионални чинители, се одржа Студиски претстој во Словенија и Хрватска. Оваа активност всушност претставува продолжение од серијата обуки кои ги организираше ГТЗ. На Студискиот ппретстој зедоа учество претставници од 6 Центри од Македонија и неколку општини. Од Центарот за развој на Источен плански регион учество зедоа: Драгица Здравева – Раководител на Центарот, Емил Василев – Координатор за регионален развој и Катерина Коцева – Администратор.
Мрежата на велосипедски патеки ЕуроВело (EV) се состои од 12 висококвалитетни велосипедски патеки кои поврзуваат повеќе од 20 Европски земји. Оваа еколошка мрежа претставува глобален симбол за прекугранична соработка за зачувување на природата, како и двигател за зајакнување на туристичката понуда низ цела Европа. Постигната е согласност за вклучување на lCT како 13та велосипедска рута во рамките на мрежата на ЕуроВело.