Обука за Управување со проекти (проектен менаџмент) и развој за институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот и локалните власти од проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”
Центарот за развој на Источен плански регион – Штип, во рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст” 2007CB16IPO007-2009-1-12, проект финансиран од страна на Европската унија, IPA Cross-Border Programme CCI Number 2007CB16IPO007, и се импелментира на територија на Источниот плански регион во Р. Македонија и Областа Благоевград од Р.Бугарија на 09-10 Декември, 2011 година, во хотел Изгрев, Штип одржа

Во рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”, финансиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, во Штип од 11-12.11.2011 година, се одржа првата Контактна средба за градење партнерска мрежа за соработка помеѓу Институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот во прекуграничниот регион. Основна цел на проектот е подобрувањето на бизнис климата во овој регион преку унапредување на бизнис соработката на компаниите како и преку развој на нови бизнис услуги и иновативен начин на промоција на компаниите.
Центарот за Развој на Источен Плански Регион – Штип, на 09 Ноември, 2011 година, во хотел “ОАЗА”, Штип ја одржа првата прес-конференција за проектот:
19 декември Ден на градот – Патрон на општина Штип, Центарот за развој на Источниот плански регион заедно со 11 општини од регионот, овој ден го прогласи и за „Промотивен ден на Источниот плански регион“. Во Штип сите 11 општини ги претставија своите потенцијали пред граѓаните од Штип и регионот како и можните инвеститири.
На 17 и 18 декеври 2011 година во организација на МЛС и Центарот за развој на Источниот плански регион во чиј состав влегуваат 11 општини од регионот во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Стопанската комора на Република Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, општина Штип и Советот за развој на Источниот плански регион се одржа држа првиот „Саем на трудот“ на локација Безистен - Штип.

