Во рамките на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” се започна со реализација на главната активност од проектот, Градежни работи на административната зграда на Општина Кочани и промена на нејзината енергетска ефикасност од класа D во класа B.
За таа цел на 17ти Мај 2017 година (среда) во Општина Кочани, претставници од Центарот за развој на Источен плански регион како носител на проектот и Општина Кочани како партнер во проектот оддржаа координативен состанок со избраниот Изведувач на градежните работи компанијата “Анoл Импекс” - Скопје и фирмата одговорна за вршење на стручен надзорот над објектот „Студио Атриум“ - Штип.