Презентација од стекнатите знаења по извршената посета на обука во Јапонија
На 05.07.2017 година во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион, г-дин Емил Василев изврши презентација пред вработените во Центарот од учеството на обуката „Управување со катастрофи поврзани со води (подготвеност, ублажување и реконструкција)“ , J1704034. ("Water Related Disaster Management (Preparedness, Mitigation and Reconstruction)", J1704034). Обукта беше организирана од страна на JICA (Јапонска агенција за меѓународна соработка). Истата се одржа во периодот од 14.05 – 10.06.2017 година во Токио, Нагоја и Tsukuba – Japonija.

Започнуваат градежните активности за реализација на проектот „Изградба на Регионален Етно парк“ во с. Зрновци - Фаза I.
Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координирана од Фармахем‐Скопје започна со реализација на втората фаза со времетраење од 4 години (2017‐2020) во којшто стратешки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион и 11-те општини од регионот. На ден 08-ми Јуни 2017 година (четврток), во ресторан „Аква“ во Кочани се оддржа иницијален состанок - Инфо ден.