Втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019)
На ден 02 и 03.10.2014 година, во хотел Изгрев во Штип, Центарот за развој на Источен плански регион одржа втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019). Ревизијата на програмата се спроведува согласно член 12 од Законот за регионален развој (сл. Весник бр. 63/2007) и Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој , Сл. Весник на РМ 102/2009 година.

На 16-ти и 17-ти септември во Скопје се организира студиска посета на која учествуваа претставници од девет земји, дванаесет партнерски организации/институции вклучени во Проектот PPP4Broadbend, Градоначалникот на Македонска Каменица – пилот општина каде директно ќе се имплементира еден од 9-те модели за ЈПП, претставници од министерството за информатичко општество, како и висок претставник од „Алкател Луцент“. На настанот беше презентирано решението за јавно приватно партнерство во областа на широкопојасен интернет за општина Македонска Каменица која е една од четирите општини кои учевствуваат во проектот, преку кои се верификува валидноста на деветте ЈПП модели и се отвора патот за нивно натамошно користење во намалување на „широкопојасниот јаз” во руралните области на Југоисточна Европа (ЈИЕ).
Во Љубљана, Р.Словенија од 24-25 септември 2014 година се одржа Завршна Конференција за Програмата за транснационална соработка на Југоисточна Европа 2007-2013 година. На Конференцијата од Центарот за развој на Источен плански регион присуствуваше директорот на центарот Г-ѓа Драгица Здравева и Зујица Ангелова, коодинатор за регионален развој.Програмата за транснационална соработка на Југоисточна Европа, вклучува 16 земји учеснички и тоа: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Чешка, Италија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина. Оваа Програма има најголем број земји учеснички меѓу сите Европски Програми за територијална соработка. Програмата за ЈИЕ се покажа како успешна алатка за подобрување на интеграцијата и зголемување на соработката во области и надвор од границите на земјите и има реално влијание врз животот на граѓаните.
Од 17-19 Септември 2014 година, во Комитетот на региони во Брисел, Белгија се одржа Семинар за рурален развој. Целта на семинарот беше да се претстави политиката и програмата на Европската унија за рурален развој за периодот 2014-2020 година пред претставниците од земјите од Западен Балкан и Турција.