Формиран Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источниот плански регион

Центарот за развој на Источен планскиот регион, го реализира промотивниот настан за формирање  на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион, на 28-Октомври-2014 година во Универзитетот”Гоце Делчев”во  Штип. Значењето од формирањето на Бизнис центарот го потврди и присуството на Заменик Министерот за Локална самоуправа г-дин Љупчо Пренџов, Постојниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) г-ѓа Луиса Винтон, презентацијата на Прим. м-р Илчо Захариев, Градоначалник на општина Штип, г-дин Тони Тоневски, Претседател на Советот за разво на Источен плански регион, и г-ѓа Драгица Здравева Директор на Центарот за развој на Источен плански регион.

Повеќе...

XXI Собрание на Градоначалниците од Брегалничко-Струмичкиот Регион

На ден 21.10.2014 година (вторник), со почеток во 12:00 часот,во хотел „Романтик“, општина Дојран,  се одржа XXI(дваесет и првото) Регионално Собрание на Градоначалниците од „Брегалничко - Струмичкиот Регион”.

На Собранието беа присутни Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион, Раководителите на Центрите за развој на Источниот и Југоисточниот плански регион, претсавниците од ГИЗ-РЕД Програмата во Република Македонија, претставници од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори,  Државниот  секретар на Министерството за Локална Самоуправа  и претствници од Бирото за Регионален Развој.

Повеќе...

Отпочна изработката на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015-2024)

Во рамките на овој проект како прва активност е изработка на: „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион“. За изработка на оваа Студија, од страна на експертскиот тим од фирмите IDEAО.К и Balkan Development Solutions (BDS), и  Центарот за развој на Источен плански регион беше организирана рабoтилница за анализа на просторот на регионот од аспект на природните карактеристики и создадените вредности по однос на културните ресурси.

Ова е прва работилница на групата на засегнати страни од Источниот плански регион во делот на предвидените активности за изработка на Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион. Подготовката на Студијата е проектна активност  во рамки на проектот за изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со Акционен план (2015-2024).

Повеќе...

Управен одбор на проектот ПЗП и ПУРС Брегалница

1. Одржан четврти состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија

На 2-ри октомври 2014 година (четврток) во хотел „Манастир„ во Берово, со почеток во 11.00 часот се одржа четвртиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија.  Главна цел на оваа Програма  (проект) која се  спроведува во Источниот плански регион и горниот дел од Брегалничкиот слив, е да се зачува биолошката разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо управување и искористување. Времетраењето на проектот е 4 (четири) години со буџет од 4,00 милиони CHF и се спроведува веќе втора година во координација со Helvetas Swiss Intercooperation ифармахем од Скопје.

Повеќе...