Одржана деветата Сеница на Советот за развој на Источен плански регион
Деветата Седница на Советот за развој на Источен плански регион се одржа на 25.02.2010 година во с. Облешево. На Седницата присуствуваа Градоначалниците од Источниот плански регион, претставници од МЖСПП и вработените во Центар за развој на Источен плански регион.

Во организација на Центарот за развој на Источен плански регион и Бирото за регионален развој на 16.02.2010 година во големата сала на општина Штип се одржа работен состанок на тема: „Апликациски формулари за предлог проекти и добри примери од претходниот Повик“.
По објавениот оглас за доделување на договор за јавна набавка за изработка на „Студија за искористување на потенцијалите на биомасата за производство на енергија во Источниот плански регион“ се јавија повеќе консултантски куќи. По спроведената постапка Комисијата за најповолна ја избра понудата на „ЕМС Темос“ од Скопје.
На 14.12.2009 година истече крајниот рок за поднесување на Предлог проекти по објавениот повик за промоција на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Активностите на Центарот интензивно се одвиваа што резултираше со поднесени три проекти:
На 11.12.2009 година во општините Чешиново-Облешево и Зрновци се одржаа планирачки работилници со цел изработка на Стратегија за локален економски развој за двете општини. Тоа се единствените општини од сите единаесет колку што брои регионот, кои досега го немаа овој стратешки плански документ. Носител на целокупната активност е Центарот за развој на Источен плански регион.
Во организација на ЗЕЛС на 25 и 26.11.2009 година во Скопје се одржа Саемот на општини „ЗЕЛС ЕКСПО“. На Саемот покрај општините, за прв пат се претставија и Центрите на планските региони. Центарот за развој на Источниот плански регион со финансиска поддршка од ГТЗ РЕД учествуваше и го презентираше регионот. На Саемот заедно со Центарот на ист штанд беа претсатвени можностите и потенцијалите на шест општини од регионот (Карбинци, Пробиштип, Чешиново – Облешево, Делчево и Зрновци).